Хрватска купува „хајмарси“ од САД за 390 милиони долари

Американскиот Стејт департмент ја одобри продажбата на „хајмарси“ (артилериски ракетни системи со висока мобилност) на Хрватска во вредност од 390 милиони долари, се вели во соопштението на Пентагон од петокот.



Како што јави Ројтерс, Пентагон објави дека во работата ќе биде вклучен и „Локхид Мартин“.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна најави натамошни инвестиции во хрватската армија, меѓу другото, рече дека планот е да се купат моќни американски самоодни повеќецевни ракетни фрлачи „хајмарс“.