На почетокот на 2025 година во Хрватска повторно треба да започне задолжителниот воен рок, а министерот за одбрана Иван Анушиќ вели дека се’ е подготвено.
Годишна обука треба да поминат околу 15.000 млади луѓе, кои за два до три месеци треба да ги научат основите, а во моментов се’ уште чека потврда, јавува „Вечерњи лист“.
„Помеѓу два и три месеци се планира задолжителен воен рок. Она што е важно да се нагласи е дека ги покачивме надоместоците, тие сега се 900 евра месечно, а колку ќе биде тогаш во задолжителниот воен рок, тој додаток веројатно ќе остане ист“ – објасни Анушиќ, а пренесе ХРТ.
За оние кои одбиваат да одат на обука, предвидено е друго решение.
„Ќе носат гребла и мотики, на пример, вреќи кога се поставуваат насипи против евентуални поплави – нема да мора да носат оружје, туку ќе треба да си ја одработат својата должност и обврска кон државата. – објасни Анушиќ.
Додека воената обука ќе ја врши Министерството, а овој дел од обуката ќе биде задача на цивилната заштита и треба да трае подолго и со помали привилегии.





