Масакр се случи во средно училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина откако училишниот домар убил три лица.
Полицијата потврди дека во нападот загинале директорот на училиштето, секретарка и уште едно лице.
Напаѓачот пукал и во професорка.
Како што пренесува Дневни аваз, напаѓачот е училишниот домар кој со автоматска пушка пукал во директорот, секретарката и во професор.
„Пукањето се случило во 10:15 часот. Маж со иницијали Н.Н., употребил огнено оружје за да убие тројца вработени во училиштето.
После тоа најверојатно се обидел да си пресуди и се здобил со тешки физички повреди.
Тој е префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука. Полицијата е на лице место“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на Унско-санската жупанија.
Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле од порано. Индекс.хр





