Холандија со пресврт во шест минути ја расплака Турција

Седумдесет минути траеше сонот на Турците за полуфинале на Европското фудбалско првенство во Германија, откако Акајдин со глава ги доведе во водство во 35. минута, но со два гола во шест минути Холанѓаните направија пресврт и на крајот славеа со 2:1.



Прво израмни Де Фрај со глава во 70. минута, за шест минути подоцна автоголот на Мулдур да го реши патникот меѓу четите најдобри селекции на стариот континент.

Холандија на 10 јули во Дортмунд ќе игра за финале со Англија, а еден ден претходно ќе ги одмерат силите Шпанија и Франција во првиот полуфинален дуел.