Претседателот на САД во заминување Џо Бајден на свечена церемонија в сабота ќе им додели Медал на слободата на 19 луѓе, меѓу кои и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и милијардерот и финансиер на Демократската партија, Џорџ Сорос.



Највисокото цивилно признание ќе го добијат и актери, и спортисти, вклучувајќи ги Мајкл Џи Фокс, Дензел Вашингтон, како и аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси и Ирвин „Меџик“ Џонсон, пензионираната кошаркарска ѕвезда која го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до пет шампионски титули во НБА-лигата.

„Овие деветнаесетмина се големи лидери, кои ја направија Америка подобро место. Тие се извонредни лидери затоа што се добри луѓе кои дадоа извонреден придонес за својата земја и за светот“, се вели во соопштението на Белата куќа.