Новопечениот фудбалски репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски, ги постигна сите три гола во триумфот на Австрија Клагенфурт од 3:2 на гостувањето кај Хартберг во австриската Бундеслига.
Тошевски во втората минута од судиското продолжение израмни на 1:1, во 63. минута ги гостите во водство од 2:1, а шест минути пред крајот погоди со глава за три бода на Австрија против директниот конкурент за двете места што од плејаутот водат во разигрувањето за Конференциската лига на УЕФА.
Со својот прв хет-трик сезонава 23-годишниот напаѓач стигна до 5 гола во најсилната австриска лига, покрај двете асистенции во 16 настапи.
Тошевски минатата сабота во Лихтенштајн ги одигра своите први 27 минути во македонскиот дрес, а три дена подоцна беше на клупата против Велс.






