Хајредини: Младите го наоѓаат спасот од корупцијата и криминалот во Западна Европа, не го чекаат ветингот на ДУИ!

„Со обвинители и судии, во кои веруваат само 2 отсто од граѓаните, нема спас од криминалот и епидемијата на катастрофалната повеќегодишна корупција. Момчињата и девојките го наоѓаат во Германија, Швајцарија и Италија спасот од повеќегодишната епидемија на криминалот и корупцијата во Македонија, без да го чекаат 22-годишниот ветинг на ДУИ.“ – истакнува преку својот фејсбук-профил поранешниот министер за финансии и сегашен политички аналитичар Џевдет Хајредини, реагирајќи на „барањето“ на ДУИ да биде подложен на „меѓународен ветинг секој политичар во Македонија“.