„Али Амети е убеден дека Америка и ЕУ едвај чекаат да го добијат на разгледување предлогот на ДУИ за поделба на Македонија на региони според моделот на Белгија и Северна Ирска!“ – објави на својот фејсбук-профил политичкиот аналитичар и поранешен министер за финансии Џевдет Хајредини. Со ова тој иронично одреагира, откако во јавноста беше лансирана веста дека партијата на Али Ахмети ангажирала „меѓународни експерти и автори на Охридскиот договор“, кои утврдувале предлози за „поделба на Македонија на региони“, што ќе било некакво нејзино „територијално преуредување“ „според моделот на Белгија“, или „според моделот на Северна Ирска“.





