Поранешниот министер за финасии и аналитичар Џевдет Хајредини со загадочна објава на Фејсбук во врска со „инцидентот“ со косовската претседателка што предизвика бура на „воинствени“ реакции во Косово, но и во некои овдешни кругови.



ТАВ Македонија: Категорично ги отфрламе наводите дека обезбедувањето се обидело да го одземе телефонот од Османи

Инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром е направен без причина, но не и без цел“ вели Хајредини, но не ги открива ни „причините“ ни “целта“.

Експретседателот на Косово Пацоли ја нападна Османи дека немала имунитет да одбегнува безбедносна проверка на аеродромот во Скопје!

По реакциите на колумнисти, аналитичари, екс функционери и реакции од косовското МНР и тамошното претседателство, последна вест е најавата дека косовскиот премиер Албин Курти утре доаѓа во Македонија на средба со премиерот Христијан Мицкоски.