Хајредини имал докази за корупција – Гир два пати го одбил за средба

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини преку својот фејсбук профил пренесе една интересна информација околу корупцијата во Македонија..



Тој се пожали дека евроамбасадорот Дејвид Гир досега два пати му ветил, но не го викнал на ручек за да разговараат за едно многу важно прашање.

„Јавно ќе кажам дека Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, двапати ми ветува и никако да ме вика на ручек, за да разговараме и за корупцијата на некои претходни високи европски функционери во Македонија“, пишува во поранешниот министер за финансии.