Аналитичарот Џевдет Хајредини смета дека Светот мора да одговори на акциите на Израел во палестинските енклави и во околните држави, откако утрово израелската војска изврши напад врз сирискиот главен град Дамаск.
Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, Либан, Јемен, во палестинските енклави Појасот Газа и во Западен Брег, но ги засили нападите по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинската милитантна група Хамас минатата година.
„Израел мора дабиде нападнат од целиот свет , затоа што Нетанјаху, за да ослободи околу 200 заложници, досега уби скоро 50.000 Палестинци, меѓу кои многу деца и жени“, напиша Хајредини на неговиот Фејсбук профил.






