„Не, професоре, вистината е дека Албанците немаа моќ да имаат своја држава!“ – напиша на својот фејсбук-профил поранешниот министер за финансии и сегашен политички аналитичар Џевдет Хајредини, искажувајќи сосема поинакво мислење од д-р Башким Селмани, професор по безбедност во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тетово.
„Кога станува збор за албанското прашање, Албанците се жртвуваа, за да имаат Македонците држава, граници и сите оние приоритети, во кои уживаат во овој момент.“ – кажа вчера овој универзитетски професор, изнесувајќи намерно токму на 8 септември, на Денот на независноста на Република Македонија, дрска провокација врз етничка основа, која нема никаква врска со реалноста, ниту со вистинските историски факти. Тие факти, историските сведоштва и аргументите потврдуваат дека Македонците сами без ничија помош со оружената борба во Втората светска војна го извојуваа и го здобија правото да ја основаат својата македонска држава, со печатот на АСНОМ, а верификувано и со референдумот за независноста на 8 септември 1991 година.
Неодговорен овчар ставил во тешка опасност десетици македонски граѓани (ВИДЕО)






