Хајдари: Изборите во Р*М беа судир меѓу Курти и Рама! – „Албинистите“ од „Вреди“ ги победија „рамистите“ на Ахмети и ДУИ!

„Парламентарните избори во * Македонија претставуваа многу повеќе судир меѓу двата албански премиера, на Косово Албин Курти и на Албанија Едвин Рама, во контекст на проширувањето на влијанието врз Албанците од  *Македонија. ‘Албинизмот’ се шири низ албанскиот простор, а ‘рамизмот’ се намалува!“ – вели Фејзи Хајдари, новинар и издавач на весникот на албански јазик „Лајм“, во својата колумна со наслов „Резултат од изборите: албинистите ‘триумфираа’ наспроти рамистите!“.



Покрај другото, Хајдари пишува: Парламентарните избори во * Македонија беа напнат и жесток судир меѓу албанската коалиција „Вреди“ и мултиетничкиот „Европски фронт“, предводен од партијата на Али Ахмети. Но, тие избори претставуваа уште повеќе и судир меѓу двата албански премиера, на Косово Албин Курти и на Албанија Едвин Рама, во контекст на проширувањето на влијанието врз Албанците од  *Македонија. Таква „битка“ се водеше претходно и во Прешевската Долина (на југот на Србија – заб.прев.), каде што убедливо победија партиите за Албин Курти – „албинистите“. „Албинистите“  –  „Вреди“ имаат многу понапредна позиција да станат дел од новата Влада, која, по секоја веројатност, ќе ја предводи лидерот на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Судирот меѓу двајцата албански премиери одамна изби на површина. Еди Рама не се ни обиде да го сокрие тоа, тврдејќи дека станува „регионален лидер“. Неговите настојувања честопати беа зачудувачки, но и непријатни за Албанците од Косово, * Македонија и Прешевската долина, на нив честопати реагираше жестоко косовскиот премиер Курти , некои и веднаш отфрлајќи ги. Идеите на Рама наидуваат на поддршка и од Али Ахмети, но и од мала политичка групација во Прешевската долина, предводена од поранешниот претседател на општината Прешево Шќиприм Арифи. Овие двајца пријатели на Рама силно и без двоумење ја подржаа, но продолжуваат и натаму да ја подржуваат руската идеја, односно проект „Отворен Балкан, промовинар во 2019 година од српскиот претседател Александар Вучиќ, од Еди Рама и поранешниот македонски премиер Зоран Заев.

Сите овие српско-руски идеи на Вучиќ, кои ги поддржуваат албанските политички „рамисти“ во Тирана, во * Македонија и на други места, ќе претрпат неуспех и тежок удар, откако „албинистите“, односно “Вреди“ – албанските опозициски партии ќе станат дел од владата на Мицковски. Тоа симболично и конечно ќе го означи избледување на „влијанието на рамизмот“ врз Албанците од Македонија и автоматски пораст на „албинистичкото влијание“. Останува да се види дали ќе се прошири ваквиот албинистички дух и во другите албански територии. Но не може никој да оспори дека е тој во подем.

Многу е интересно какви напори направи Рама, за да им помогне на „неговите албански пријатели“. Многу смешен и тенденциозен обид, без никакви принципи, направи Рама во * Македонија, мешајќи се директно во претседателските и парламентарните избори со тоа што го прогласи Али Ахмети како „Почесен граѓанин“ во 2-3 града во Албанија. Не го направи тоа како косовскиот премиер Курти, кој даде јавна поддршка и многу коректно, почитувајќи ги „правилата на играта“.

Ако може да им се верува на некои информации од теренот, објавени на општествените мрежи во Косово, во Косово полицијата заплени стотици илјади евра – албански пари леки од подземјето, кои требало да завршат во * Македонија токму во текот на изборната кампања. Постојат сомневања дека таквите албански пари леки биле наменети за купување гласови. Не треба многу памет да се претпостави од кај им било потеклото на овие пари и за кого биле наменети во * Македонија.

Да заклучиме врз основа на претходно изнесените аргументи: „албинизмот“ се шири низ албанскиот простор, а „рамизмот“ се намалува! Прашањето е: до кога и до каде ? Симболичниот триумфализам на албанската опозиција Вреди  во * Македонија е застрашувачка вест за премиерот на Албанија Рама, а следувателно и за сите негови пријатели од Белград, Подгорица, од Мала Речица...