„На 12 август годинава во Бујановац беше одржан сеалбанскиот мирен протест под мотото ‘За идентитет и достоинство’ во организација на Албанскиот национален совет. По протестот во текот на една седмица повторно беа истакнати на јавни места натписи со пораките ‘Смрт на Албанците“ и ‘Смрт на Албанците, не ве сакаме, Косово е Србија’.“ – пишува Рефик Хасани, публицист и активист за албанската национална кауза од Прешевската Долина, од југот на Србија, во својата колумна со наслов „Во Бујановац продолжуваат натписите со говор на омраза и закани кон Албанците“. Колумната ја пренесува информативниот портал на албански јазик „Фол“ од Македонија.
Натаму, Хасани пишува: Овие натписи пројавуваат јазик на омраза и упатуваат порака на закана не само против Албанците во Бујановац, туку се натписи со омраза против сите нас, Албанците. Такви натписи има не само во Прешево, Медвеѓа и Бујановац, туку низ цела Србија. Србија треба да ги осуди јавно и официјално, треба да ги осуди овие чинови на искажување омраза и закани кон Албанците.
Кога се навредува цел народ, кога се создава омраза кон цел народ, треба да се реагира врз основа на актите и конвенциите на ЕУ и на меѓународната заедница, но за тоа да се објави и декларација. ЕУ и меѓународни акти и конвенции и да се издаде Декларација. Согласно со својот устав, Албанија треба да испрати протестна нота до неа, поради споменатите натписи со говор на омраза и закани кон нас, Албанците





