Хаос во Маврово: Скијачите чекаат по еден час да купат ски карта (ФОТО)

Револт и нервоза меѓу скијачите од Македонија и регионот кои решија денеска да го минат денот на ски терените на Бистра.



Редот за купување на ски билети е долг стотина метри и во него чекаат стотина луѓе.

Очевидец кој веќе 40 минути е во редот и кому му требаат уште дваесетина минути да дојде до шалтерот за карти вели дека ваква лоша организација не видел никаде а ги има поминато речиси сите регионални балкански и голем број ски центри во Европа.

Катастрофалната организација на ски центарот е дополнета со фактот што денеска воппшто не е можно да се купат ски карти онлајн.

Оваа опција не е можна иако со купување на карти на интернет ќе се намали хаосот за купување на карти за скијање.

Зошто Ски центарот Маврово не отвори повеќе шалтери за купување на ски карти, не дозволи онлајн купување на картите или не постави ски карти мати какви што има во други ски центри е нејасно.

Поврзана вест

Дали некој свесно сака да ги пренасочи туристите во други ски центри прашуваат Мавровци

Мавровски угостители бесни на Скопска Пивара: Среде сезона не оставија без пијалок