Хан е сигурен дека спорот за името ќе се реши до јули

Сосема сигурно Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули, изјави во Софија еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.



Запрашан дали спорот ќе биде решен до крајот на бугарското претседателство, што истекува во јуни, Хан одговори дека е „сосема сигурен во тоа“.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева пак, рече дека се надева дека на состанокот на Европскиот совет во јуни ќе се донесе одлука за отворање на преговорите со Македонија.

– Имајќи го предвид развојот на настаните и разговорите кои се во тек, мислам дека има голема шанса тоа да се случи, рече Захариева на прес-конференцијата по состанокот во Софија.