Вооруженото крило на Хамас во неделата соопшти дека неговите борци заробиле израелски војници за време на борбите во Џабалија во северниот дел на Газа во саботата, иако израелската војска го негираше тврдењето, јавува Ројтерс.



Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Убаида, не кажа колку војници биле киднапирани и не покажа никаков доказ за тврдењето.

„Нашите борци приведоа ционистички сили во заседа во тунел… “ соопшти рече Абу Убаида, портпарол на бригадите Ал Касам, во снимената порака. емитувана од Ал Џезира рано во неделата.

„Израелските одбранбени сили појаснуваат дека немало инцидент во кој бил киднапиран војник“, се вели во соопштението на војската, пренесува „Times of Israel“.

Хамас објави и видео, но Ројтерс нагласува дека не може самостојно да го потврди идентитетот на лицето што е прикажано на него или неговата состојба.

Соопштението за заробени војници дојде неколку часа откако се појавија извештаи за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа.