Хамас спремен да разговара за ослободување на заложниците…

Хамас го прифати американскиот предлог за отворање разговори за ослободување на израелските заложници.



Ова доаѓа 16 дена по првата фаза од договорот чија цел е да се стави крај на војната во Газа, изјави висок извор од Хамас, цитиран од Ројтерс.

Исламистичката група се откажа од барањето Израел прво да се обврзе на трајно примирје пред да го потпише договорот и да дозволи разговорите да продолжат во првата шестнеделна фаза, рече изворот, кој сакаше да остане анонимен.

Палестински функционер близок до меѓународно посредуваните мировни напори рече дека предлогот може да доведе до рамковен договор доколку Израел го прифати и стави крај на деветмесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа.

Според здравствените служби во Газа, конфликтот ги однесе животите на повеќе од 38.000 Палестинци.

Војната почна откако Хамас ги нападна јужните израелски градови на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зеде околу 250 заложници.

Изворот од Хамас рече дека предлогот гарантира дека посредниците ќе обезбедат привремено примирје, испорака на помош и повлекување на израелските трупи додека индиректните преговори продолжуваат за спроведување на втората фаза од договорот.