Хамас се откажува да владење со Појасот Газа!?

 

Од 19 јануари во Појасот Газа е на сила режимот за прекин на огнот во рамките на договорот постигнат меѓу Израел и палестинското движење „Хамас“ за ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници од израелските затвори.



Палестинското движење „Хамас“ не планира во иднина да владее со Појасот Газа, објави египетскиот телевизиски канал Ал Кахера њуз, повикувајќи се на извори во Каиро запознаени со преговорите за иднината на овој сектор.

„Хамас ја потврдува својата посветеност на договорот за прекин на огнот во три фази и неговото неучество во управувањето со секторот (Газа) во претстојниот период“, објави телевизијата.

Според Ал Кахера њуз, Египет води интензивни преговори за формирање привремен комитет кој ќе го надгледува процесот на обезбедување помош за жителите на енклавата и обновата на Појасот Газа.

Од 19 јануари во Појасот Газа е на сила режимот за прекин на огнот во рамките на договорот постигнат меѓу Израел и палестинското движење „Хамас“ за ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници од израелските затвори.

Во првата фаза од договорот, кој предвидува ослободување на 33 израелски заложници и околу илјада палестински затвореници за 42 дена, веќе се извршени шест размени.