Непознат напаѓач фрлил бомба врз американската амбасада во Подгорица,Црна Гора, и веднаш потоа и самиот се разнел пред дипломатската мисија.



Полицијата соопшти дека била рачна бомба „кашикара“.

Од американската амбасадасоопштиле дека нападот се случил околу полноќ, и дека зградата на амбасадата не е оштетена.

Мотивот за нападот не е познат.

Американскиот Стејт департмент објави објави дека „во моментов се врши внатрешна проверка за да се потврди безбедноста на персоналот“, објави АП.

Според државниот секретар Стив Голдстајн, како што пренесува „Њујорк тајмс“, очевидци виделе човек како фрла нешто преку ѕидот на амбасадата.

Си-Ен-Ен јави дека бомбата најверојатно експлодирала во воздух и дека  телото на напаѓачот било пронајдено околу 30 метри од ѕидот на амбасадата.