Едно муслиманско семејство на југот на Франција деновиве треба да дознае дали може да му го даде името Џихад на своето дете, но за тоа треба да одлучи францускиот суд, објави АFP.



Според агенцијата, случајот за крстење на детето според арапскиот збор за борба Џихад завршил на суд во Тулуз, откако родителите во август објавија дека бебето ќе го крстат Џихад, но локалните власти не сакале да дозволат.

Одлуката на „повисоката инстанца“ се очекува овие денови, а судот најверојатно, ќе донесе одлука според која родителите ќе треба да му дадат некое друго име на момчето.