Вандали оштетиле телекомуникациски инсталации на француските компании SFR и Bouygues Telecom, објавија Le Parisien и BFM TV.



Според изворите, оптички кабли биле исечени на југот на Франција, а инсталациите во регионите Меуз, во близина на Луксембург и Оаз, во близина на Париз, биле вандализирани, што главно влијаело на фиксните услуги, јавува „Дојче веле“

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека е уапсен крајно левичарски екстремист во врска со саботажата на француската брза железничка мрежа што предизвика сообраќаен хаос пред отворањето на Олимписките игри во Париз.

Не е јасно дали двата инциденти се поврзани, а властите истражуваат.