Силниот ветер попладнево направи хаос во Скопје. Паднати се дрвја, има оштетени возила, откачени лимови, искинати кабли од бандери. Во центарот на градот, на булеварот Свети Климент Охридски, дрво падна врз жена.
Центарот за управување со кризи извести дека на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 добиена е пријава за штета, односно паднат дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански, број 38, во скопски Аеродром.

Се можеше да се види, сликата беше страшна. Паднати дрвја, блокирани улици и оштетени автомобили, ова е епилогот по денешното невреме во главниот град. Од Општина Центар информираа дека тие веднаш ги пријавиле паднатите дрвја до ЈП Паркови и зеленило, а на нив останува да расчистат. Во Центарот за управување со кризи добиени се повеќе пријави за штети предизвикани од невремето.
Според ЦУК, паднати дрвја, оштетени кровови и автомобили, откачени кабли има на повеќе локации во главниот град. Синоптичарите за попладнево најавуваат и локален пороен дожд проследен со грмотевици.

Граѓаните споделуваат видеа. Силниот ветер предизвика штета, а од ЦУК велат дека добиле повеќе пријави.
https://www.facebook.com/watch/?v=720091496852051
Дрво падна врз жена кај поранешна „Нова Македонија“. Жената е на скопските клиники и не е во животозагрозувачка состојба. Како последица од силниот ветер дрво падна и кај Веро Џамбо, па направи проблем за возачите затоа што се блокираше улицата.





