Фото на денот: „Суетниот новинар“ Героски до пано со натпис „Заев“ во Будимпешта

„Бев неколку дена во Будимпешта. Пријателите се шегуваа со мене, прашувајќи ме дали ќе се видам со Груевски. И така, шетајќи низ градот, обѕирајќи се околу себе да не случајно го видам поранешниот комшија од ‘Бихаќка’, налетав на… И оди после верувај во случајности!“, напиша новинарот Бранко Героски во објава на Фејсбук со фотографијата на денот во која позира до пано со натпис „Заев“ во главниот град на Унгарија.



Поранешниот премиер Зоран Заев го опиша Героски како „суетен новинар“ во својата (не)славна изјава: „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини елџибити заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт“ по објавувањето на „бомбите“ за него во италијанскиот весник „Ла Верита“ пред пет години.