Монета на Александар Трети Македонски, но и 217 други римски монети кои датираат од 104 година пред новата ера, вечерва се изложени во Националната установа „Завод и музеј – Битола“.
Одбележувајќи го 18 мај, Меѓународен ден на музеите, а во рамки на изложбата „Приказните од Градиште – Црнобуки“, за јавноста достапна на увид е и луксузна керамика пронајдена на археолошкото наоѓалиште Градиште крај Битола.
„На изложбата презентирани се дел од наодите во Градиште-Црнобуки, најстариот наод е монета на Александар Трети Македонски, а има наоди кои што се од крајот на старата ера, крајот на римската република и почетокот на империјалниот период“, изјави авторот на изложбата Енгин Насух.






