Германскиот магазин „Билд“ објави репортажа за фудбалерот на Лајпциг и македонски репрезентативец Елиф Елмас, во кој „дијамантот“ е прикажан во поинаква улога – како помошник во слаткарницата „Мандарина“ во скопската населба Автокоманда што ја поседува неговото семејство.
Кога е без клупски обврски во летниот период, на Елмас не му пречи спортската слава за да се претстави како сосем обично момче од соседството, каков што и беше пред вештините и подвизите на фудбалскиот терен да го направат еден од најдобрите фудбалери што ги имала Македонија.






