Фото и видео на денот: Скокот и радоста на првиот Македонец финалист на ЕП во сала

Историскиот успех на Андреас Трајковски и радоста на првиот македонски атлетичар што изборил финале на големо натпреварување во овој спорт, во случајов во скок во далечина на Европското првенство во Холандија, го овековечија фотографијата и видеото на денот од Апелдорн.



Родениот пред 31 година во Копенхаген, кој на 8 февруари 2022 година го замени дресот на Данска со тој на родната земја на неговиот татко Христијан, во третата серија прескокна 7,85 метри за седмо место во квалификациите со нов личен и македонски рекорд, подобар за шест сантиметри од претходниот што го постави лани на Балканијадата во Истанбул.

Како изгледаше скокот што влезе во аналите на кралицата на спортовите во Македонија на линкот:

https://www.facebook.com/share/v/18e2WaS79F/