(Фото): До кога во Скопје ќе се гради без план и ќе никнуваат висококатници како печурки?!

На Скопје му се случува урбанистички хаос. Се гради без план и без да се чуе гласот на стручната фела, реагираат архитектите, кои како што велат, ова Скопје не можат да го препознаат. Архитектот Мишко Ралев за МТВ вели дека политиката е навлезена во советите на општините, а урбанистичките планови се носат без да се почитува мислењето на граѓаните.



  • „Урбанистички хаос е ова сега, ова Скопје не може да го препознаам“, рече архитектот Мишко Ралев.

Архитектите велат дека граѓаните не знаат што значи носење на урбанистички планови, и затоа без никакво образложение, преку ноќ, конкретно во строгиот центар, никнуваат „бетонски џиновски комплекси“.

  • „Не дека законот не се почитува, тоа во наводници се почитува, но добро се изигрува, и после е доцна. Ние сме немоќни нешто да направиме наспроти моќниците“, изјави Бато Радоњиќ – архитект.

Бетонизацијата на Скопје не запре со години. Бројни беа противењата и на жителите на од скопските населби, по носење на нови ДУП-ви годиниве наназад, како на пример за изградба на висококатници од над 33 метри, 17 згради кај кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, како и никнувањето на 50 згради кај „Дексион“ во Ѓорче Петров.

Паралелно комеморација за покојните.

Велат хероите никогаш не умираат, секако дека е тоа така, но можам да надополнам дека всушност хероите умираат и по неколку пати и можеби затоа се херои, рече Мишко Ралев, претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија на комеморацијата во чест на шестмина архитекти кои починаа изминатите години: Мимоза Несторова-Томиќ, Благоја Колев, Трајко Димитров, Георги Константиновски, Радован Раѓеновиќ и Миодраг Митровиќ.

Колегите се сеќаваа на своите колеги и се потсетија на нивните дела и придонес за македонската архитектура.

За архитектката Мимоза Несторова-Томиќ, која почина на 24 мај на 95 години, говореше Ралев, и кажа дека оставила неизбришлива трага во македонската архитектура и култура воопшто и дека беше личност со несекојдневен стручен и кулурен профил.

  • Велат хероите никогаш не умираат, секако дека е тоа така, но можам да надополнам дека всушност хероите умираат и по неколку пати и можеби затоа се херои. А, херојската генерација на македонски архитекти која полека си заминува од сцената на животот, тоа добро го знаеше и го има искусено на своја кожа. Не може да го создавате новото општество а да останете нечепнати“, рече меѓу другото Ралев.