Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2024/2025

Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиотфакултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборотна стипендистите за учебната 2024/2025 година, кој е во согласност сообјавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијатапо предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба настипендии, составени од претставници на Фондацијата, на дватафакултета, како и од претставници од редовите на студентите.



За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиотфакултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. И оваа година Фондацијата доделува еднократна парична награда од 1.200 евраво денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда годинава се Фросина Димоска одФармацевтскиот факултет (со просек 9,72) и Aнастасија Петличковскаод Медицинскиот факултет (со просек 9,92). Првенците се досегашнистипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Вложувањето во млади таленти од сферата на науката, особено воделот на фармацијата и медицината, е долгорочна инвестиција вопоздраво општество. Фондацијата ’Трајче Мукаетов’ во изминатите 17 години е дел од успешната академска приказна на 699 стипендиранистуденти на државниот универзитет во Скопје. Навистина ми е драгошто досега 110 oд стипендираните студенти одлучиле да започнат да гиградат своите кариери во некои од одделите на ’Алкалоид’. Високата селективност при ангажирањето стручен кадар и континуиранитевложувања во истражување, развој и нови технологии и постојаното стручно надоградување придонесоа ‘Алкалоид’ денес конкурентно и достоинствено да се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ иГенерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Во седумнаесетте години постоење Фондацијата „Трајче Мукаетов“стипендирала вкупно 699 студенти по фармација и по медицина приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу141 милион денари по основ на стипендии и на еднократни паричнинагради за првенците на генерација.

Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денариво текот на 12 месеци и се пресметува линеарно за постојните и зановите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.