Украина „се движи кон членство во Европската унија со неверојатна брзина“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.



Украина стана официјален кандидат за членство во ЕУ во јуни 2022 година, четири месеци по почетокот на руската инвазија.

Во краткото видео објавено на X по повод Денот на независноста на Украина, Фон дер Лејен напиша: „Европа секогаш ќе биде на страната на Украина бидејќи Украина е Европа. Вашата слобода е наша слобода. Вашата безбедност е наша безбедност“.

„И сега се движите со неверојатна брзина кон членството во ЕУ. Стоевме покрај вас од првиот ден и ќе продолжиме да го правиме тоа се додека е потребно. Секоја чест за Украина“, рече шефот на ЕК.