Фон дер Лајен има речиси 35.000 евра плата, еврокомесарите нешто „поскромно“

Околу 66.000 вработени во институциите на Европската унија од април ќе земаат повисоки плати – а ова е седмо зголемување од почетокот на 2022 година.



Од ова зголемување ќе имаат корист и членовите на Европската комисија, објави „Фактор“.

Основната плата на претседателката Урсула фон дер Лајен е зголемена за повеќе од 2.700 евра од почетокот на 2024 година, на околу 34.800 евра месечно. Еврокомесарите тогаш ќе заработат околу 28.400 евра или 2.200 евра повеќе.Платите на еврократите се пресметуваат по сложена формула. Се зема предвид инфлацијата во Брисел и Луксембург, како и трендовите на платите во јавните служби на земјите-членки.

Вообичаено е платите да се зголемуваат еднаш годишно, ретроактивно од 1 јули. Но, поради високата инфлација во последниве години, беше искористена посебна одредба и дел од покачувањето беше исплатено уште на 1 јануари. Токму затоа, од 2022 година, вработените во ЕУ добиваат повисоки плати и на 1 јануари и на 1 јули.

Оваа година може да има дури три покачувања на платите, пишува Фактор.