Македонија останува хибриден режим и во најновиот извештај на Фридом Хаус „Нации во транзит“ и е меѓу 11 држави, кои имаат карактеристики на автократија и демократија.
Скандалот на Клиниката за онкологија кој го отвори и за него известуваше неделникот „Фокус“ се најде во најновиот извештај на „Фридом хаус“.
„Во 2023 година, вработени во Универзитетската клиника за онкологија во Скопје беа обвинети дека краделе скапи лекови за рак за да ги продаваат на црниот пазар во соседните земји. Истражувачките извештаји во неделеникот „Фокус“ ги посочија поранешните директори, вклучувајќи гои медициснкиот и организациониот директор во криминалниот потфат. Еден директор, наводно, вработил околу 20 роднини кои биле инволвирани во управувањето со архивата на болницата“, пренесува Фокус дел од извештајот.
„Фридом хаус“ го споменува и случајот со „корнишоните“ кој го откри и за него пишуваше „Фокус“, за којшто реагираше и тогашниот австриски амбасадор, Георг Вуцас.
„Австрискиот амбасадор ги критикуваше судовите во Северна Македонија, барајќи смена на судии, обвинители и нотари вмешани во одложувањето на наплатата на долгот на австриски инвеститор од македонска компанија, наводно поврзана со поранешниот премиер Зоран Заев. …Поранешниот премиер Зоран Заев негираше каква било вмешаност и се закани на Амбасадата со тужба за клевета, пишува во извештајот.
Во извештајот се најде и политичко-судското стебло на седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, поточно во овој дел истакнат е Барлет Џафери, синот на сегашниот технички премиер, а поранешен собраниски спикер од ДУИ,Талат Џафери.
„Покрај тоа, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари (вклучувајќи го и синот на претседателот на парламентот Талат Џафери) ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизмот во судството, се вели во дел од извештајот.
Тој беше избран за обвинител иако за него Антикорупциска утврди дека положил правосуден испит пред да се стекне со диплома со соодветен степен на образование“ пренесува Фокус.






