Лидерот на една политичка партија на својпот Фејсбук профил го искажа своето незадоволство од начинот на кој се води негативна кампања пред вториот круг на локалните избори.
Граѓаните на Струга, вчера, пред своите домови наоѓаа флаери во кои се исмеваат и се искажува омраза кон луѓето од дијаспората кои доаѓаат на гласаат во овој град.
Наедно, во флаерот со непристојна конструкција на зборови се прави обид да се мобилизираат гласачи против еден кандидат за градоначалник.





