Филипче: Владината коалиција е нестабилна

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче смета дека владината коалиција е нестабилна и не функционира добро.



„За краток временски период јавноста беше сведок на дијаметрално спротивни изјави за можноста за предвремени избори, кои ги пласираат во контекст на односите внатре во коалицијата. Дека таа коалиција не функционира во пракса, граѓаните секојдневно го чувствуваат“, нагласи Филипче.

Како ќе се одвиваат работите во коалицијата допрва ќе се види, но Филипче е подготвен да разговара со која било политичка партија. Тој најави дека во пресрет на локалните избори се прават сондажи, анкети и се испитува пулсот на граѓаните

Филипче тврди дека имало селективноста на истрагата за кочанската трагедија која, според него, наместо целосна одговорност опфаќа поединци и функционери од Министерството за внатрешни работи.