„Ја нагласив важноста на отворањето на преговорите на * Македонија со Европската Унија. Додадов дека треба да се искористи историскиот моментум во политиката на проширување на ЕУ и оти * Македонија треба да напредува на патот на интеграцијата, фаќајќи го чекорот со Албанија.“ – напиша на својот официјален фејсбук-профил македонскиот вицепремиер за политики и добро владеење Арбен Фетаи, информирајќи за содржината на неговиот денешен разговор и средба со бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков. Објавата на Фетаи ја пренесе и информативниот портал на албански јазик „Алмакос“
Натаму во објавата на фејсбук Фетаи истакнува „Го информирав амбасадорот Радуков за приоритетите на владата и изразив непоколеблива посветеност за воспоставување на правната држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, како предуслови за интегративниот процес и благосостојбата на граѓаните.“
„Со амбасадорот на Бугарија Желјаско Радуков се согласивме за важноста на постојаниот и отворен дијалог, кој создава мостови на соработка и е од заеднички интерес, како соседи и стратегиски партнери во НАТО. Со него се согласивме дека Коридорот 8, како безбедносен коридор на НАТО, има стратегиско и економско значење за двете земји и за регионот. Завршувањето на овој проект е приоритет на Владата и ќе се вложат максимални напори да се забрза неговата реализација.“





