„Арбен Фетаи, секретарот за надворешни односи на Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на претседателот на оваа партија Арбен Таравари, нагласи дека распадот на Демократската унија за интеграција започна по изборите на 8 мај, додека на претстојните локални избори таа како партија ќе доживее целосен колапс.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“, во својата информација со наслов „Фетаи: Започна распадот на ДУИ“. Инаку, Арбен Фетаи е предложен од коалицијата Вреди како кандидат за можен нов вицепремиер за добро владеење.
„Лајм“ ја цитира изјавата на Фетаи, дадена во тој контекст: „Распадот на ДУИ започна веднаш по ослободувањето на 8 мај. На локалните избори, по една година владеење на коалицијата Вреди ДУИ ќе колабира целосно. Европскиот фронт е разнороден, хетероген конгломерат на 9 субјекти, а ДУИ самата како партија е далеку зад коалицијата Вреди. Ова не е некакво изненадување, бидејќи изборниот капацитет на ДУИ зависи во прв ред од клиентелистичкиот глас и од притисоците, што ги врши врз вработените во јавниот сектор.“
„Со заминувањето на ДУИ во опозиција и со неутрализирањето на нивниот уценувачки капитал, Албанците почнуваат да дишат слободно, а гласовите на ДУИ ќе се стопат како снегот на сонцето.“





