Фетаи: Еден во Шутка, друг избега, а останатите од ДУИ во страв да не се отворат нивните случаи! ДУИ паѓа како кула од карти!

„Пациентите’ од ДУИ живеат со страв да не им се отворат други случаи, зашто едниот од ДУИ избега, а другиот стана жител на Шутка!’ – ова е реакцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи од Вреди кон Бујар Османи од ДУИ, кој истакна дека е ‘одвратен и длабоко неморален нападот врз адвокатите само затоа што бранеле други личности’. Османи алудираше на изјавата на Фетаи дека  адвокатите на Мијалков и Груевски го бранат поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.“ Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“



Порталот ја пренесува објавата на Арбен Фетаи на општествените мрежи: „Отсекогаш сме велеле: ДУИ во опозиција паѓа како кула од карти. И точно тоа се случува сега.“

Едниот избега како Груевски.“

Вториот стана жител на Шутка.“

Другите ‘пациенти’, колку и да затвораа некои случаи додека беа на власт, сега живеат во страв да не им се отвори друг случај!