Фетаи: „Груби на црната листа“ е доказ дека ДУИ секогаш работела против американските интереси! Непожелна е за меѓународниот чинител!

„Вклучувањето на Артан Груби на ‘црната листа’ на САД е најголемиот доказ дека ДУИ е партија, која секогаш работела против американските интереси!“ нагласи вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи во интервјуто, дадено за весникот на албански јазик „Лајм“.



„ДУИ е веќе целосно дискредитирана како партија. Артан Груби, првиот човек на Али Ахмети, е на ‘црната листа’, исто се и Рамиз Мерко и Џеват Адеми. Врз ДУИ падна многу лоша сенка. Запечатен е фактот дека таа партија е непожелна за меѓународниот чинител. Казнувањето поради корупција е законската основа за внесување луѓе од ДУИ, или било кој друг, на американската „црна листа“. Тоа е спротивно на американскиот интерес, затоа се ставени на американската ‘црна листа’. Значи, правната основа е дека таквиот криминал е во спротивност со американскиот стратегиски интерес.“ – изјави Арбен Фетаи, покрај другото.