„Охридскиот договор не беше мировен договор, туку договор за нов уставен и правен поредок, со консоцијална (договорна) демократија и поделба на власта во центарот. основоположниците на овој договор Арбен Џафери и Имер Имери смислиле нова рамка за повеќе колективни права за немнозинските заедници, за поголема вклученост и автономија на одлучување, отстранувајќи ги во исто време диктатите на мнозинството, или мајоризирањето над политичките претставниците на немнозинските групи.“ – наведува вицепремиерот за политики и добро управување Арбен Фетаи од фракцијата во Алијансата за Албанците, која ја раководи Арбен Таравари, дел на коалицијата Вреди, во својата колумна со наслов „Продолжуваме по патот на Арбер!“. Колумната ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Натаму, во колумната Фетаи пишува: Денес, 23 години подоцна, Охридскиот договор останува нецелосен во многу делови поради половични решенија и пропусти во спроведувањето, кои ги отуѓија духот и словото, што беа осмислени од неговите основоположници. Коалицијата Вреди почна веќе во првите недели да поправа некои од овие пропусти, како што е фискалната децентрализација, со мобилизирање досега невидени нивоа на општинско финансирање.
Вреди ќе донесе и закон за правична и соодветна застапеност за да се претвори духот на Охридскиот договор во законска обврска и повеќе да не остане на ниво на фолклор, со технички премиер-Албанец, но без ниеден Албанец во академијата на науки и уметности, или во специјалните безбедносни единици. Продолжуваме по патот на Арбер!





