Фетаи: АА на Таравари останува во влада

Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците od крило на Таравари, соопшти дека засега остануваат дел од владата.



„АА е во Владата, нема планови за промена на нашите позиции во Владата. Продолжуваме со работа, секојдневно, како ништо да не е сменето“, рече Фетаи.

Фетаи потврди дека премиерот Христијан Мицкоски ќе има одвоени средби со коалициските партнери, односно со АА, ВРЕДИи ЗНАМ.

„Има секојдневни контакти со премиерот Мицкоски и со коалициските партнери. Некои од нас го кажаа тоа, јас велам дека соработката продолжува во Владата.

Токму вчера имавме владина седница на која не беше покрената ниту една загриженост.

„Така, ние продолжуваме да работиме, како ништо да не се случило и верувам дека ги видовте пишувањата на медиумите дека во наредните денови ќе има консултациисо премиерот на Албанците….