Познатата пејачка Ферги (42) од групата „Black Eyed Peas“ и актерот Џош Дуамел (44)  се разведуваат по осум години брак.



„Се разделивме на почетокот на годината, не кажавме никому затоа што сакавме да ја зачуваме малку нашата интимност. Со целосна почит, ќе продолжиме да бидеме посветени на нашето семејство, но не повеќе како двојка“ објавија поранешните сопружници кои го имаат синот на Аксел Џек (4).


На почетокот на врската тие рекоа дека „конечно ја пронашле својата сродна душа“. Извори блиски до двојката велат дека не е во прашање трето лице, но дека тие си здодеале и не се согласуваат како порано.
Ферги и Џош ја прославија осмата годишнина од бракот во јануари. Тогаш актерот на социјалните мрежи објави заедничка фотографија што ја потпиша со: „8 години! Те сакам“.