Фантомски фирми украле милиони евра преку поврат на ДДВ

Фирми кои со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ од буџетот, за речиси истата вредност се најдоа како должници на последната листа на неплаќачи на данок што ја објави Управата за јавни приходи, пишува порталот Фактор.



Ова, според порталот, најверојатно значи дека државата и натаму си ги бара парите назад и не може да ги наплати.

Во последната афера со фиктивен поврат на ДДВ, три фирми го изиграа системот за над 2,6 милиони евра. Аферата ја најави и потоа ја обелодени претходната директорка на УЈП, Сања Лукаревска. Со лажни фактури прикажувале голем обрт на купена и продадена нафта, па потоа повлекле пари за фиктивно платениот ДДВ.

„На врвот на листата на должници, односно на првата и втората позиција, и натаму се „Окитна“ од Струмица и „Хант Осој“ од Босилово од кого се бара да вратат 25 милиони евра. И за овие две фантомски фирми тогашната опозиција тврдеше дека со фиктивни измами ги добиле парите од државата за поврат на ДДВ, а сега и натаму се на листата на должници. Ова по логика значи дека парите не се вратени…“ пишува Фактор.

Најчитани статии

Кандидатот предложен во време на ДУИ е близок со Црковниот одбор на македонската црква во Берлин

Професорот Села прогласи 85 % од Македонците за дестабилизирачки фактор