„Фала Заев“: Дури 300 амандмани од бугарски и грчки европратеници против македонскиот идентитет

Бугарски и грчки европратеници веќе поднесоа повеќе од 300 амандмани за предлог-извештајот на известувачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, по кој ќе се расправа в среда, пренесе МКД.Мк.



Во извештајот се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и не гледам никаков проблем во тоа, изјави Вајц.

Наспроти грчките и бугарските европратеници, нивните колеги од Холандија, Австрија, Германија, Романија, Естонија, Хрватска и Литванија велат дека македонскиот јазик и идентитет се многувековни.

Во амандман на бугарски европратеник се бара македонскиот идентитет и јазик да бидат споменати како сегашни. Гласањето за амандманите е со мнозинство, а за извештајот ќе гласа следниот месец.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски деновиве изјави дека . „Суштината е асимилација, исто како што во пописот 56-та година од минатиот век во соседна Бугарија постојат скоро 200 илјади Македонци, а во пописот 65-та, едвај 9 илјади“, рече Мицкоски. Тој ги повика политичарите во Брисел внимателно да ги слушнат пораките кои доаѓаат од нивните бугарски колеги и дали тие имаат врска со европските вредности.

Позицијата на официјална Софија останува непроменета – непризнавање на македонскиот идентитет, јазик и историја, непризнавање на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, неспроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, но инсистирање за впишување на граѓаните со бугарска самосвест во македонскиот Устав.

Анкета на „Евробарометар“ само ги потврдува ефектите од непринципиелните европски политики за регионов

Во Македонија таа изнесува 54 отсто, додека 42 отсто не ѝ веруваат. Лани во Македонија таа доверба беше 56 отсто. Ова е јасен показател за трендот на паѓање на довербата во ЕУ кај македонските граѓани.

Кога станува збор за членството во ЕУ, 50 отсто од македонските граѓани веруваат дека тоа ќе се случи, додека другата половина е скептична.

Мицкоски: Не прифаќам “сегашна” за македонската нација