Продолжуваат оставките во СДСМ, а внатрепартискиот раскол нема крај. Расте незадоволството кај партијата која седум години владееше со Македонија.
Советникот Ќирил Гајдов од СДСМ поднесе оставка во Советот на Општина Велес, а тој не го криеше своето незадоволство.
„Време е да дојдат нови помлади кадри. Оваа моја оставка треба да е мотив, директно или индиректно инволвираните учесници во ваквиот тежок и срамен пораз, да заминат. СДСМ е голема партија, која носела големи одлуки кои луѓето не ги препознаа. Имаа можност да се европеизираат, одлучија да се антиквизираат, да гледат во ретровизор наместо во иднината“, кажа Гајдов кој е координатор на советничката група на СДСМ, пренесе СДК.
По тешкиот пораз и целиот дебакл врие во партијата. Ваквата оставка на СДСМ следува по многуте кои се претходно соопштени. Откако Фатмир Битиќи поднесе оставка, по него има и уште две оставки. Една од нив е од потпретседателот Перо Костадинов, а оставка и Маја Морачанин од ДОМ.
Прехтодно и Сања Лукаревска поднесе оставка.
Освен гореспоменатите, оставка поднесе и Јованка Тренчевска која замина од чело на Форумот на жени на СДСМ.





