Денеска е последен ден од кампањата за вториот круг од претседателски избори и парламентарни избори на 8 мај.
Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април.
На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.
На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.
Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите или во притвор 2.147 избирачи.
Запишани се и 534 избирачи згрижени во установите за вон семејно згрижување, а во Избирачкиот список запишани се и две внатрешно раселени лица.






