Ова е порака од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите – ОДАС која од Град Скопје бара до почетокот на учебната година да обезбеди автобуси кои ќе сообраќаат навремено и ќе бидат достапни за учениците и студентите да може непречено да одат на настава.



„Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет.

Недостигот на сигурен јавен превоз стана пречка за достапното образование на многу ученици и студенти.

Од Градот Скопје бараме да се посветат на решавање на овој проблем до септември, односно до почетокот на академската година, при што ќе се обезбедат безбедни и функционални автобуси и ќе се обезбеди навременост на линиите“, порачуваат од ОДАС.