Утре увид на премиерот на Македонија Мицкоски во изградбата на новата детска градинка во Инџиково за згрижување 48 деца до и над 2 години

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утре, на 11 мај 2025 година, ќе изврши увид во градежните активности за новата детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба. Во овој објект ќе бидат згрижени 36 деца на возраст над 2 години и 12 деца на возраст до 2 години. – соопшти прес-службата на Владата.

Вкупна вредност на проектот е 47, 5 милиони денари, обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Целиот објект е на површина од 490 метри квадратни, со приземјен објект со висина од 3 метри.