Уставниот суд на Романија денеска ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори, откако беа декласифицирани безбедносните документи и беше најавено дека процесот мора да се повтори, пренесува Ројтерс.
Во првиот круг од изборите на 24 ноември победи кандидатот на ултранационалистичката и проруска партија Калин Ѓорѓеску, а во вториот круг влезе и проевропската кандидатка Елена Ласиони.
Вториот круг на гласање требаше да се одржи на 8 декември.





