Барселона го потврди договорот со 20 годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд за кој ќе бидат платени 105 милиони евра кои, пак, со бонусите можат да достигнат и сума од 150 милиони. Можеби изгледа премногу за фудбалерот кој за клубот од Сигнал Идуна Паркот лани постигна само 10 гола, а често не беше ни меѓу стартерите кај Томас Тухел, но во каталонската престолнина инсистираа на ангажман на младиот Французин. Тој викендов ќе ги мине лекарските прегледи и в понеделник може да биде претставен.



Во меѓувреме од Барселона потврдија дека за нив преодниот рок не е заавршен и дека допрва ќе приредат вистинска сензација.