Бизснисмените задоволни што ќе добијат 250 милиони евра поволни кредити обезбедени од економската рамка за соработка со Унгарија.
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели парите со камата од само 3.25% ќе му помогнат на бизнисот, но и дека државата треба да почне да размислува за намалување на парафискланите давачки и општо подобрување на бизнис климата.
-Фирмите ќе посегнат по парите што се со помала камата, тоа е нормално, но така ќе креираме само моментно решение на ситуацијата. Мора се да оди во пакет, и да се обезбедат средства за поддршка на бизнисот, но и да се решат сите горливи прашања на кои постојано укажуваме. На тој начин ќе креираме квалитетен деловен амбиент во кој државата ќе има регулаторната функција, а бизнисот ќе води рамноправен натпревар на терен, без нејзино мешање“, изјави Азески.
Стопанската Комора на барање на Владата учествувала во изготвување на дел од критериумите кои ќе треба да ги исполнуваат компаниите за да може да дојдат средства од 250 милиони евра обезбедени од т.н. „унгарски заем“ а бизнис секторот смета дека условите и висината на каматата се поволни
За бизнис секторот е позитивно што капиталните инвестиции не се кратат значително со ребалансот на буџетот, како што тоа беше пракса во минатото.Тие се надеваат дека ќе добијат што е можно повеќе работа за изградба на патишта, пруги и друга инфраструктура затоа што бројките во градежниот сектор во првата година се поразителни.
Според Азески, клучно е да се задржи работанта сила, но и да се зголеми продуктивноста и извозот.
Извор: https://alfa.mk/azeski-kluchno-e-da-se-zgolemi-produktivnosta-i-izvozot/






